Beauty Nectar

beautynectar-wineТретман со италијанско вино од Тоскана за кожа видливо помлада, видливо поубава.

Плод на убавината
Во античко време виното се нарекувало “нектар од боговите” и било резервирано само за благородниците и императорите. Денес виното се смета за храна, корисна за здравјето и за убавината на кожата. Голем број на научни студии покажале дека во виното се присутни супстанци, полифеноли, кои имаат способност да ја зголемат цврстината на крвните садови, да ја зајакнат и подобрат циркулацијата, да го заштитат колагенот и еластинот.

Црвеното вино содржи голема количина на антоцијани, моќни антиоксиданси кои што се борат против слободните радикали, молекулите што се одговорни за стареењето на кожата.
Во лабораториите за истражување на Nature’s инспирирани од бенефитите на винотерапијата, ја избраа виновата лоза, која расте во долините на Тоскана, за да ја создадат линијата Beauty Nectar: првата козметичка линија на база на вино која што ја продолжува младоста на кожата.

Црвено вино од Тоскана
Автентично, недостапно, непроценливо. Црвеното вино (Vino Chianti) е типичен продукт со италијанска традиција и е едно од најпознатите и најценетите во светот. Карактеристичните органолептички својства на виновата лоза која расте во овој дел на Тоскана се одговорни за производството на црвено вино со хармоничен, мек вкус. Со задовлство е избрано како сојузник на убавината, благодарејќи на исклучителната содржина на активни регенеративни и заштитни компоненти.

Содржина

  • Антоцијани и процијанидини
  • Витамин А, Ц, Б1, Б2, ПП
  • Калиум-Железо
  • Бакар-Манган
  • Полифеноли од грозје
  • Ресвератрол

 

Share this post

Контакт

155x155Контакт:
Виола Трејд - Скопје
ул. Востаничка 59
1000 Скопје
+ 389 (02) 2736 462
тел./факс + 389 (02) 2720 438